Просечни цени на основните продукти во Грција


Планирате летен одмор во Грција и сакате однапред да знаете колку би требало да издвоите за храна и основни продукти додека сте таму? Во овој пост, ќе направиме преглед на просечните цени на основните продукти во Грција и ќе ви помогнеме да го испланирате вашиот буџет и да си го олесните престојот уште пред да тргнете.

Оваа листа со просечни цени на основните продукти во Грција ќе ви понуди ориентација за трошоците за храна и основни услуги, но сепак, важно е да имате на ум дека цените можат да претрпат и некои измени, зависно економските трендови.

Паметното планирање и истражување, можат да ви помогнат да уживате во грчката гастрономија на најдобар начин, без да го преоптоварите вашиот буџет.

Леб и пекарски производи

Пресниот леб во Грција обично чини околу 1,10 – 1,50 евра по векна. Слични се цените и за пити, кифли и други пекарски производи. Има различни видови на специјални лебови или автентични грчки печива, кои можат да бидат неколку евра поскапи, но стандардниот леб е најчесто достапен по прифатливи цени.

Млеко и млечни производи

Цените на млекото варираат во зависност од видот на производот и брендот. За 1 литар кравјо млеко може да очекувате цена од околу 1,00 – 1,50 евро. Цените на кисело млеко, сирење и други млечни производи се прилично слични на оние во повеќето европски земји.

Па така:

Грчки јогурт (500г) – 0,80 – 2 евра

Фета сирење (200г) – 3 евра

Путер (250г) – 3 евра

Јајца

Процените покажуваат дека цената за пакет од 10 јајца во Грција варира од 2,00 до 3,50 евра. Ова може да зависи од квалитетот и потеклото на јајцата (слободно пуштени кокошки, био јајца итн.), како и од локацијата на купување.

Месо

Цените на месото во Грција се разликуваат во зависност од видот на месото и квалитетот. За 1 килограм свинско или пилешко месо може да се очекуваат цени од 5,00 до 10,00 евра. Говедското месо, кое е поскапо и обично се наоѓа во посебни продавници за месо, можете да го најдете за 10,00 – 15,00 евра за килограм.

Риба

Грција е позната по својата свежа и вкусна риба. Цените на рибата можат значително да варираат во зависност од видот на рибата и сезоната. За 1 килограм свежа риба, цените се обично во распон од 8,00 до 20,00 евра за килограм. Рибниот пазар во Грција нуди различни видови на риба, од популарниот Лаврак и Харинга, до посебни видови кои може да не се достапни на секој пазар.

Зеленчук и овошје

Домати можете да купите за 2,00 до 3,50 евра за килограм, краставиците се движат околу 1,50 – 2,50 евра за килограм, еден килограм кромид за 1,00 евро, додека компир можете да купите од 0,90 евра па нагоре.

Цени за килограм овошје:

Портокали 1,20 евра

Банани 1,80 евра

Јаболка 1,60 евра

Има голем број на пазари и локални продавници во кои може да се најдете свеж и квалитетен зеленчук.

Ориз

Еден килограм ориз во Грција можете да купите по просечна цена од 1,80 евра.

Паста

Цените на пастата во Грција се обично прифатливи и варираат во зависност од брендот и видот на пастата. За пакување од 500 грама паста, може да очекувате цена од околу 1,30 – 3,50 евра.

Маслиново масло

Грција е позната по своето квалитетно маслиново масло. Цените на маслиновото масло можат да варираат во зависност од квалитетот и регионот на производство. За литар маслиново масло, цените се движат од околу 5,00 до 30,00 евра за литар.

Кафе

Грците се познати по својата љубов кон кафето. Цените на кафето варираат според видот на кафето и пакувањето. За пакување од 250 грама кафе, цената може да биде околу 3,00 – 6,00 евра.

Вода

Бидејќи во Грција не се пие водата од чешма, водата е најчесто по многу прифатлива цена. За шише од 1,5л, може да се очекуваат цени од околу 0,50 – 1,00 евро, во зависност од брендот. Во поголемите маркети пакет од 6 шишиња вода од 1,5 литри, можете да купите за околу 1,50 евра.

Гиро

Цената на гирото во Грција се разликува зависно од локацијата на продажното место и најчесто се движи од 2,8 до 4,00 евра за гиро во пита. Порција гиро можете да купите за цена од 7,00 до 10,00 евра.

Гориво

Цените на горивото во Грција можат да варираат во зависност од моменталната цена на нафтата и меѓународните трговски фактори. Процентот на данок и акциза на горивото се разликуваат според видот на горивото. Во моментов, цената на дизел горивото се движи од 1,55 – 1,70 евра за литар, цената на бензинот 95 изнесува 1,85 – 2 евра по литар, додека цената на бензин 98 изнесува 2 – 2,15 евра по литар. Цената на плинот во Грција изнесува 0,85 евра за литар.

Такси превоз

Во градските зони, стандардните цени за такси превозот обично се движат од околу 3,00 – 4,00 евра за старт, плус околу 1,00 – 2,00 евра за секој километар. За долги растојанија и меѓуградски транспорти, може да постојат посебни тарифи и договорени цени.

Цени во кафулиња

Во грчките кафулиња, цените на пијалаците можат да варираат во зависност од локацијата и видот на напитокот.

Еспресо: 1,50 – 2,50 евра (во цената е вклучена флаширана вода 0,5 л)

Капучино: 3,00 – 4,00 евра (во цената е вклучена флаширана вода 0,5л)

Лате: 3,00 – 4,00 евра (во цената е вклучена флаширана вода 0,5л)

Фрапе: 3,00 – 5,00 евра (во цената е вклучена флаширана вода 0,5л)

Домашно пиво: 4,00 – 5,00 евра

Увозно пиво: 5,00 – 7,00 евра

Алкохолен коктел: 10,00 евра

Газирани сокови: 2,50 – 3,00 евра

Цени во ресторани

Цените во рестораните во Грција се разликуваат според видот на ресторанот, локацијата и типот на кујната. Еве неколку примери на просечни цени за оброк во ресторан:

Предјадења: Цените за предјадења, како на пример грчки салати или мезе, се движат од 5,00 – 10,00 евра.

Главни јадења: Цените на главните јадења зависат од видот на јадењето, како и од изборот на месо или риба. За главно јадење, цените можат да бидат околу 12,00 – 30,00 евра.

Десерти: Цените на десертите се обично околу 3,00 – 7,00 евра, во зависност од видот на десертот.

Важно е да имате предвид дека цените во луксузни или ексклузивни ресторани можат да бидат значително поскапи.