Лето и технологија: Листа на корисни гаџети


Иако не ти треба лаптоп за на одмор, сепак некогаш и лаптопот може да биде корисен особено ако во твоето место нема ништо атрактивно за правење навечер. Погрижи се да си добро опремен со сите задолжителни гаџети кои ќе ти го подобрат и олеснат патувањето, но и престојот. 

Пренослив полнач

Единствениот начин за полна батерија на телефонот и целодневно уживање на плажа. Без разлика дали ќе шеташ и се релаксираш покрај вода, резервната батерија ќе ти овозможи да го снимиш секој момент, да пушташ музика, да гледаш на мапа, да седиш на интернет и да направиш по некој муабет со оние кои ти недостасуваат. 

Универзален адаптер за патување

Се случува и да се заборави полнач на патување, па универзален адаптер ќе се најде корисен и за оние со iPhone и тие со Android. Тоа е мала, суштинска алатка која може да направи значителна разлика. Од годинава треба сите да се со ист полнач, но знаеме колку бавно ќе оди промената. Ова лето мисли и на пријателите, семејството и сите оние со кои патуваш заедно.

Слушалки

Особено ако патуваш со луѓе кои заспиваат рано, тогаш слушалките се повеќе од задолжителни. Уживај на раат и со саати слушајќи музика и скролајќи на TikTok, Instagram и Facebook пред спиење.

Пренослив звучник

Журка не е журка без музика. Пушти на најјако кога ти е најјако, а одмарај и со смирена музика тогаш кога се чувствуваш опуштено. Во секој случај, bluetooth звучник ќе ти ја донесе потребната атмосфера кога и да посакаш.

Лаптоп

Можеби ќе заборавиш да ставиш „Out of office“, па ќе треба да се справиш со неколку мејлови стигнати на твоја адреса. Ако не е за работа, тогаш барем ќе имаш можност да изгледаш некој филм плус. Како и да е, доколку не зафаќа многу простор, нема причина зошто да не го носиш заедно со багажот.

Мора да прифатиме дека технологијата си носи посебна удобност и дека се наоѓа дури и кога ја избегнуваме. Нас ни е само важно да не заборавиш и да се одмориш. Ова лето само опуштено, без стрес и без обврски.