Не те пуштаме на одмор пред да те подготвиме добро со сите мобилни апликации кои ќе го направат секое следно патување – ново уживање. Погледни што сè недостасува во твојот телефон и преземи ги апликациите веднаш:
GetYourGuide
Совршената апликација за оние кои сакаат малку авантура за време на одморот. На GetYourGuide најди инспирација за нови, интересни активности во поатрактивните делови на Грција заедно со цените за секоја од нив. Одбери што сакаш од игри во вода, еднодневни екскурзии до античките места, па сè до организирани шетачки тури и патувања со брод околу грчките острови.
Алтернативен предлог: Visit Greece (Google Play | App Store)
Splitwise
Ако патуваш со друштво, тогаш ова е број 1 апликација за да ги задржите добрите односи за време на одморот. Сигурно ќе се најдете во ситуација да платите еден за друг, но веќе нема кој кому должи и колку. За секоја внесена сметка во апликацијата, Splitwise прави пресметка за тоа кој треба да добие, а кој да врати пари на другарите. Се знае чиста сметка – долга љубов.
Алтернативен предлог: Splid (Google Play | App Store)
Google Maps/Apple Maps
Сигурно веќе имаш и користиш барем една од овие апликации, но не заборавај да ги преземеш и офлајн мапите од местата кои ќе ги посетиш. Кога немаш интернет при патување дефинитивно ќе ти помогнат да се снајдеш брзо во секоја ситуација.
Дополнително, тука може да дознаеш впечатоци за секој ресторан, плажа или атракција од посетителите. Препорачуваме тоа да го направиш секој пат пред да посетиш некое ново место за да бидете сигурни дека сте ја донеле правилната одлука.
Ferryhopper
Грција има премногу убави острови. Доколку одиш на одмор на некој од нив или сакаш да ги посетиш барем на еден ден, оваа апликација ќе ти помогне лесно да се снајдеш низ целиот процес. Едноставно и брзо спореди ги цените, резервирај евтини билети и организирај ја целата тура во неколку клика. Ferryhopper дозволува и да ги следиш траектите во живо, па тоа ќе ти овозможи подобро да го организираш своето време.
Google Translate
Во Грција скоро сè е на грчки, но дека нема да снајдете само со англиски не е вистина. Ова е повеќе за оние кои сакаат да научат по некој нов збор или барем да бидат спремни за секој случај. Тоа што грците се навикнати на туризам не значи дека англискиот им е најсилна страна, особено во помалите места.
За крај, пролистај ги аранжманите во Грција на www.ajdenaodmor.mk, одбери ја посакуваната дестинација и резервирај патување во термин кој тебе ти одговара.
Гарантираме одмор од соништата!