Како да се заштитиш од топло лето?


Секоја година летото нè изложува на високи температури и сонце, па е важно да знаеме како најдобро да се издржиме во топлите услови. Нека ти помогнат овие совети да уживаш во летото, истовремено чувствувајќи се свежо и удобно.

Пиј доволно вода: Осигурај се дека секојдневно пиеш доволно вода за да ја компензираш загубата на течности поради високите температури. Препорачаната дневна доза на вода во лето е околу 2,5 литри. Тоа значи дека постојано со себе треба да си носиш шише со вода или некаков освежителен пијалак.  

Намали го консумирањето на алкохол и кафе: Знаеме дека летово ќе сакаш и да се опуштиш, но имај предвид дека и тоа мора да го правиш во умерени количини. Овие пијалаци можат да придонесат кон дехидрација, затоа е важно да не претераш. 

Избегнувај тешка храна: Одбери храна која лесно се вари и не предизвикува тешкотии. Исто така, доколку носиш на плажа внимавај која храна е најмалку подложна на расипување од топло време. 

Избегнувај да излегуваш на најсилното сонце во пикот на денот: Препорачливо во месеците јули и август е да одиш на плажа до 11 часот или по 17 часот попладне. Ако го немаш тој луксуз, тогаш во периодот од 12 до 16 часот засолни се под сенка или во студена просторија. 

Планирај ги активностите во раните утрински или касни вечерни часови: Одложи ги физичките активности за рано утро или покасно во вечерта кога температурите се пониски.

Користи крем за заштита од сонце: Задолжително нанеси крем за сонце со заштитен фактор кој најмногу одговара на твојата кожа дури и ако „тешко гориш“. Кремот треба внимателно да ја нанесеш на сите изложени делови на телото за да се заштитиш од UV-зраците. Понекогаш дури и повеќе пати, ако си цел ден на сонце.

Носи лесна облека: Облечи светла, лесна облека изработена од природни материјали како памук, што ќе овозможи кожата да дише. Не заборавај, црна облека привлекува најмногу топлина. Истото важи и за обувките. Одбери почесто да носиш отворени обувки, сандали, папучи или апостолки.

Стави шешир или капа: Да, понекогаш малку нервира што имаш плус работи на главата, но ова е еден од начините за да ги спречиш сончаница. 

Практикувај лична хигиена: Бактериите најмногу се размножуваат на жешко време. За да избегнеш иритација на кожата, користи антисептици и практикувај почесто туширање. 

Седи во климатизирани простории: Ако е можно, бидете што повеќе во умерено студени или климатизирани простории, барем во најтоплиот дел од денот. 

Осигурај се дека просторијата во која се наоѓаш е добро проветрена: Одржи го воздухот свеж со добро проветрување на просторијата, особено ноќе.