Како да ја одбереш правилната крема за сончање?


Изборот на соодветната крема за сончање е исклучително важен особено ако планираш да си на плажа или во вода по цели денови. Искористи ги паметно информациите и советите од овој блог за да ја направиш вистинската одлука и ја заштитиш твојата кожа од летните сончеви зраци без ризик од загорување.

Што значат SPF, UVA и UVB?

Кога станува збор за крема за сонце, прво треба да знаеш што значат сите овие кратенки:

  • Sun Protection Factor (SPF) го покажува нивото на заштита од UVB зраците. Затоа, што поголемо SPF, тоа подобра заштита.
  • Ултравиолетовите А (UVA) зраци имаат подолга бранова должина и тие влијаат на стареење на кожата.
  • Ултравиолетовите B (UVB) зраци имаат подолга бранова должина и тие влијаат на горење на кожата.

Совети за избор на крема за сонце:

  • Избери водоотпорна крема. Ако планираш да влегуваш во вода, а сигурни сме дека тоа е една од главните причини зошто одиш на одмор, тогаш одбери водоотпорна крема за подолга заштита.
  • Избери ја кремата според типот на твојата кожа за најдобри резултати. Доколку имаш потемен тен и кожа која не е толку осетлива, тогаш крем со помал фактор би бил посоодветен за тебе.
  • Провери го датумот на истекување. Кремата за сонце губи ефикасност со текот на времето.
  • Користи крема за сонце со хидратантни состојки. За сува кожа препорачливо е да одбереш крема која вклучува хидратантни состојки како алое вера или хијалуронска киселина.
  • Правилно нанесувај ја кремата. Кога е во прашање здравјето на кожата не треба да се штеди на крема. Нанеси доволно дебел слој за да ги покриеш сите делови од лицето и телото кои се изложени на сонце.
  • Избегнувај ароматизирани креми за сонце. Ароматизираните производи можат предизвика иритации, особено ако имате осетлива кожа.
  • Користете го кремата за сонце во комбинација со други заштитни мерки. Кремата за сонце не е единствениот начин за заштита. Не заборавај да ставаш шешир или капа, да седиш во сенка и да ја покриеш кожата макар и со лесна облека.