Знаеме колку е тешко да се одбере на која плажа да одиш особено кога првпат доаѓаш во Црна Гора и Бечичи. Десетици различни, долги и убави плажи, а сепак сите толку различни една од друга. Затоа, направивме листа од најпосетените и најатрактивните плажи со ранг, вклучувајќи ги сите нивни најголеми предности и недостатоци:
Плоче
Google Review (4,6★) Tripadvisor (4,5★)
• 13,8 км од центарот на Бечичи
Предности | Недостатоци |
Погодна за оние кои сакаат журки на плажа (најмногу за млади) | Потребен е превоз со автомобил или автобус заради далечината |
Има сопствен бар за храна и пијалаци | Гласна музика |
Достапни цени за лежалки (околу 10 евра за 2 лежалки со чадор) | Неуслужлив персонал |
Прекрасен поглед и пријатна атмосфера | |
Чиста и убава вода | |
Достапни активности во вода: џет-ски во просек од околу 70 евра за 30 минути |
Каменово
Google Review (4,5★) Tripadvisor (4,5★)
• 2,5 км од центарот на Бечичи
Предности | Недостатоци |
Чиста и убава вода | Може да има многу гужва во ударни термини |
Богата со барови за храна, тушеви, кабини за пресоблекување и лежалки за изнајмување | Влезот во тоалет се наплаќа 50 центи |
Достапни активности во вода: џет-ски во просек од околу 50 евра за 30 минути | Плажата е со камчиња и карпи |
Достапни цени за лежалки (околу 20-25 евра за 2 лежалки со чадор) | |
Евтин паркинг (околу 5 евра/ден) |
Свети Стефан
Google Review (4,5★) Tripadvisor (4★)
• 6,2 км од центарот на Бечичи
Предности | Недостатоци |
Чиста и убава вода | Поскапи цени за изнајмување на лежалки (30-60 евра, зависно од близината до вода) |
Мирна плажа со прекрасен поглед кон островот | |
Бесплатни тушеви | |
Евтин паркинг (околу 2-4 евра/час) | |
Достапни активности во вода |
Џез
Google Review (4,5★) Tripadvisor (4★)
• 9,8 км од центарот на Бечичи
Предности | Недостатоци |
Голема плажа, има место за многу посетители | Потребен е превоз со автомобил или автобус заради далечината (или силна волја за пешачење) |
Достапни цени за лежалки (околу 10 евра за 2 лежалки со чадор) | Камена плажа |
Богата со ресторани, ладилници за сладолед и активности во вода | Музиката може да биде прегласна во ударна сезона |
Бесплатен паркинг |
Бечичи
Google Review (4,4★) Tripadvisor (4★)
• 1,2 км од центарот на Бечичи
Предности | Недостатоци |
Чиста и убава вода | Во сезона може да биде преплавена со посетители |
Песочна плажа со убави каменчиња | Нетолку чиста заради големата фреквенција на луѓе |
Евтин паркинг (околу 4 евра/ден) | |
Има многу место за поставување чадор и пешкири |
Рафаиловичи
Google Review (4,4★) Tripadvisor (4★)
• 1,4 км од центарот на Бечичи
Предности | Недостатоци |
Чиста и убава вода | Камена плажа |
Достапни цени за лежалки (околу 10-15 евра за 2 лежалки со чадор) | |
Голема плажа, има многу место за поставување чадор и пешкири |
Краљичина
Google Review (4,4★) Tripadvisor (?★)
• 4,2 км од центарот на Бечичи
Предности | Недостатоци |
Чиста и убава вода | Нема места за купување пијалаци и храна во близина |
Мирна, тивка и мала плажа со прекрасен поглед (долга 120 метри) | Прескапа влезница од 200 евра за посетители (цената вклучува 2 лежалки и чадор) |
Могрен
Google Review (4,3★) Tripadvisor (4★)
• 5,5 км од центарот на Бечичи
Предности | Недостатоци |
Чиста и убава вода | Преполна во ударна сезона |
Достапни цени за лежалки (околу 20-30 евра за 2 лежалки со чадор) | Нема паркинг во близина |
Достапни активности во вода како џет-ски, кајак и изнајмување брод |
Милочер
Google Review (4,2★) Tripadvisor (4,5★)
• 4,6 км од центарот на Бечичи
Предности | Недостатоци |
Чиста и убава вода | Прескапа влезница од 200 евра за случајни посетители |
Мали гужви | Приватна плажа отворена само за гостите на Хотел Милочер |
Погодна за оние кои се подготвени да платат многу за неколку часови уживање на чиста, мирна и тивка плажа |
Плажа Островот Свети Никола
Google Review (4,1★) Tripadvisor (4★)
• 5,2 км од центарот на Бечичи
Предности | Недостатоци |
Чиста и убава вода | Камена плажа |
Прекрасна околина и поглед | |
Достапни цени за лежалки (околу 10-15 евра за 2 лежалки со чадор) |
Словенска
Google Review (4★) Tripadvisor (3★)
• 3,3 км од центарот на Бечичи
Предности | Недостатоци |
Богата со ресторани и продавници во близина | Скапи лежалки во ударна сезона |
Достапни цени за лежалки (околу 10-20 евра за 2 лежалки со чадор) | Исклучително преполна со луѓе |
Трстено
Google Review (4,2★) Tripadvisor (3,5★)
• 12,4 км од центарот на Бечичи
Предности | Недостатоци |
Песочна плажа | Потребен е превоз со автомобил или автобус заради далечината (или силна волја за пешачење) |
Има плитко дно (погодна за мали деца и лица кои не пливаат) | |
Чиста вода | |
Недопрена околина |
Лусица
Google Review (4,3★) Tripadvisor (3,5★)
• 15,7 км од центарот на Бечичи
Предности | Недостатоци |
Мирна, тивка и мала плажа (долга 120 м) | Потребен е превоз со автомобил или автобус заради далечината |
Има пристап до барови за храна, тушеви, кабини за пресоблекување и лежалки за изнајмување, паркинг места на инфраструктурната страна |
Плави хоризонти
Google Review (4,3★) Tripadvisor (4★)
• 30,9 км од центарот на Бечичи
Предности | Недостатоци |
Богата со сенки | Потребен е превоз со автомобил или автобус заради далечината |
Има убава, дива и недопрена околина | |
Има плитко дно (погодна за мали деца и лица кои не пливаат) |
*Сите податоци се сумирани од искуствата на потрошувачите на Google Review и Tripadvisor.