Сигурни сме дека ќе се сончаш и ќе седиш на убавите плажа на првиот крак, но во случај тоа да ви стане здодевно, имаме предлози за тоа како да го направите одморот уште поинтересна приказна. Ова се неколку места и активности кои вредат да се искусат:
Прошетка во традиционалното село Афитос
Ако сакаш да го искусиш вистинската убавина на Касандра, тогаш не пропуштај да направиш кратка прошетка низ селото Афитос. Тесните улички, камените скулптури и зачуваните стари куќички го надополнуваат прекрасниот поглед кон морето што сигурно ќе ти остане засекогаш во сеќавањата.
Водени активности во Crazyland Water Park
Неделните одмори знаат понекогаш да бидат досадни особено ако ги посетуваш само градските плажи во Грција. Токму затоа препорачуваме да го посетиш водениот парк Crazyland, лоциран на плажата Гларокавос во Пефкохори, Халкидики. Овој аквапарк е целосно обезбеден со спасители, па е совршен за родители и деца над 6 години. Ти ќе уживаш во кафе, пијалаци и квалитетна храна, додека тие се забавуваат во различните водени активности.
Тура со брод околу островот Келифос
Искуси ја организирана тура со брод до остров Келифос, познат и како желка заради неговиот облик. Погледот кон природата е прекрасен, а водата е кристално чиста па можеш да видиш и што сè се крие во неа. Доколку имаш авантуристички дух, тогаш не пропуштај да го истражиш и разновидниот подводен свет со нуркање.
Пешачење до езерцето со желки Мавробара
Резервирај едно пладне за пешачење наместо сончање на плажа. Езерото Мавробара се наоѓа на само 3 километри од Полихроно, а опколено е со преубаво, недопрено, природно богатство кое ќе се ти го земе здивот. Со себе понеси си и малку леб доколку сакаш да ги нахраниш желките кои тука ги има во огромен број. Единствено, не заборавај и да облечеш удобни обувки и нешто за пиење. Ова место е само за туристи-авантуристи и такви кои сакаат да бидат во допир со дивината.
Кратка посета на историскиот храм на Амон-Зевс
На патот до Полихроно вреди да застанеш барем на половина час до храмот на Амон Зевс. Да, тоа се само неколку камења, но со долга историја. Приказната е дека ова место го откриле работниците кои работеле на изградбата на хотелот во 1969 година, а урнатините од храмот датираат околу 400-500 години пр.н.е. За да обезбедиш најубав поглед на овие урнатини, препорачуваме да се качиш на кровот на хотелот.
Екскузрија до пештерната црква Св. Павле Апостол
Имаш слушнато за црква во пештера? Еве шанса и да посетиш една таква. Во близина на Неа Фокеа се наоѓа црквата Св. Павле Апостол во која според легендата ги крстел новите христијани. Ова историско место е 20 метарски подземен тунел кој води до мала соба полна со икони. Веруваме дека ќе ти биде сосема ново и поразлично искуство.